Единствена Македонија: Што ќе прави сега народот, Заев избриша се што е македонско, а Грција и Турција ќе не блокираат во ЕУ и НАТО

„Лидерот на Нова Демократија и најверојатно новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис, вчера го реафирмираше својот став дека го задржува правото како иден премиер, за секое поглавје што се отвора и затвора, да го блокира интегративниот процес на Македонија во ЕУ. Од друга страна, и Турција најави блокирање на членството на Македонија НАТО.

Излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со кое избриша се што е македонско во замена за членство во НАТО и за некакво обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во иднина.

За предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси.

Единствена Македонија ќе ги поништи Договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право, двојазичниот закон за јазична федерализација како преодна етапа кон територијална федерализација и Одлуката за пристапување на Македонија во членство во НАТО.

Заев го избриша светото македонско име, идентитетот, историјата и традиција на македонскиот народ во замена за членство во ЕУ и НАТО а за кое се најавува блокада. Што ќе прави сега македонскиот народ!?“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.