Mилиони луѓе ја користат лозинката „123456″

Истражување на британскиот Национален центар за високотехнолошка безбедност покажа дека милиони луѓе ја користат шифрата што најлесно се помни – „123456″, но е и најраспространета меѓу хакираните профили.

Многу други Британци пак, како лозинка го одбрале називот на својот омилен клуб, на пример – Ливерпул или пак, некое лично име.

– Луѓето кои користат добро познати зборови или имиња како лозинка, се доведуваат себеси во опасност. Никој не треба да ги штити чувствителните податоци со нешто што би можело лесно да се погоди, како што се тоа лично име, фудбалски клуб или пак, омилениот бенд, изјави Ијан Леви, технички директор на Центарот.

Комбинацијата „123456“ се појавува во 23 милиони хакирани профили. Втората најпопуларна комбинација е „123456789“, а потоа – „qwеrty“, „password” и „1111111“.

Би можело да ве интересира

Кој ќе плати за онлајн вестите?

A1on

Секој десетти Европјанин никогаш не користел Интернет

A1on

Анкета: 86 отсто интернет корисници признале дека биле измамени барем еднаш од лажни вести

A1on

Тестовите на 5Г интернет-брзната ги уриваат ограничувањата

A1on

Социјалните медиуми потпишаа Повелба за отстранување на насилни содржини

A1on

Меѓународен ден на лозинките

A1on