Виталиј Кличко виновник за поразот на неговиот брат Владимир од Ентони Џошуа

Поранешниот светски шампион Виталиј Кличко изјави дека неговиот брат Владимир изгубил од Британецот Ентони Џошуа поради него. Борбата се одржа на 29 април 2017 година на „Вембли“. Во прашање беа ВБА Супер, ИБФ и ИБО титулите.

На тој меч Џошуа победи со технички нокаут во 11. рунда.

– Џошуа боксувал со многумина, но не покажа сериозен резултат. Единствениот кој го нокаутирал беше Владимир. Тој беше на чекор до победата. Му реков да не брза. Не очекував дека боксер со такви мускули би можел да биде во добра форма во втората половина на борбата. Затоа, верувам дека загубата на Владимир е моја грешка, изјави Виталиј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фјури славеше со песна на „Аеросмит“

A1on

Руиз: Пред една година сакав да завршам со боксот, бидејќи немав пари

A1on

Руиз може да остане без еден од појасите

A1on

Мекгрегор сака да му се врати на боксерскиот ринг

A1on

Аутсајдерот Руиз го порази Џошуа

A1on

Официјално: Вајлдер договори меч со Фјури

A1on