ВИДЕО: Песната за планетата Земја собра над три милиони прегледи за 10 часа

Анимираниот спот за песната „Еаrth“ (Земја) на комичарот-рапер Лил Дики, за само десетина часа од објавувањето собра над три милиони прегледи на Јутјуб.

Денеска се одбележува Денот на планетата Земја, и песната е посветена на него. Вкупно 32 светски ѕвезди имаат свој удел во овој видеоспот, меѓу кои и Аријана Гранде, Кање Вест, Ед Ширан, Сију, Џастин Бибер, Снуп Дог, Леонардо ди Каприо и други.

– Сè почна како едноставна шега, но се претвори во најважната задача која некогаш сум ја имал, изјави Лил Дики (чие вистинско име е Дејвид Бурд), за списанието „Тајм“.

Натаму, тој откри дека дел од приходите од песната ќе оди за фондацијата на Леонардо ди Каприо, што се занимава со заштита на околината и со кампањи за климатските промени.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски ќе настапи на Д-фест во Дојран

A1on

Шест вечери музика на „The Park Festival” во Гостивар

A1on

Брајан Адамс доаѓа во Скопје

A1on

ВИДЕО: Нова песна на рок-бендот Fiction

A1on

„One love tour“ од 20 јули до 5 октомври во седум градови во Северна Македонија и Бугарија

A1on

Победничката атмосфера продолжува на концертот на Стинг

A1on