Судан: Прекин на преговорите меѓу демонстрантите и војската

Демонстрантите во Судан ги прекинаа преговорите со Воениот совет бидејќи не е исполнето нивното барање армијата да им ја предаде власта на цивилите.

Еден од демонстрантите истакна дека се разочарани „бидејќи војската е само продолжение на режимот кој украде 30 години од нас“.

Суданската војска го собори претседателот Омар ал Башир по четиримесечни улични протести поради неговото 30-годишно владеење, проследено со конфликти, граѓанска војна и корупција.

Протестите во главниот град Картум продолжуваат со барање војската да им ја предаде власта на цивилите. Воениот совет соопшти дека е подготвен да исполни некои од барањата на демонстрантите, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата, но не и да им ја предаде власта на лидерите на протестите.

Тие истакнаа дека по две години транзициски период ќе организираат избори и подготвени се заедно со активистите кои се против Башир и опозициските групи да формираат привремена цивилна влада.

Би можело да ве интересира

Обид за преврат врз Воениот совет во Судан, уапсени околу 70 офицери

A1on

Генерален штрајк во Судан, се бара оставка од Воениот совет

A1on

Африканската унија го суспендираше Судан по крвавата пресметка со демонстрантите

A1on

Суданската армија и опозиција договорија транзициски период

A1on

Најмалку шест лица загинаа во судири во Судан

A1on

Поранешниот судански претседател обвинет за убиство на демонстранти

A1on