Стрип-илустрирање на скопските митолошки јунаци и културни добра

Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) и Град Скопје од утре ќе го продолжат проектот за стрип-илустрации на митолошките јунаци од Скопско, што го почнаа минатата година, а е наменет за средношколци и студенти.

– Проектот е осмислен како можност младинците од градот Скопје да се запознаат со етнографската и фолклорната литература поврзана со македонската и балканската митологија и да создадат илустрации за митолошките јунаци. Тие избираат претстава од народната митологија, и низ истражувачка работа за нејзините локални карактеристики, го илустрираат својот стрип лик, велат од МСЕД.

Во процесот на работа на илустраторите ќе им бидат организирани предавања од областа на народната митологија, истражувачките и цртачките техники. За проектот се предвидени 20 учесници од средношколците и студентите во Скопје.

Покрај овој проект, кој се спроведува втора година, Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА) и Град Скопје од 15 мај ќе почнат нов проект за средношколци и студенти – „Културното наследство на градот Скопје низ кратки стрип приказни, Создај стрипоскоп!“

Во овој проект младите ќе истражуваат, учат и илустрираат културни добра на Скопје низ кратки стрип-приказни, а целта е да ги мотивира младите луѓе да се заинтересираат за културното наследство, да изградат позитивен однос кон него и знаењата да ги претстават на креативен начин. Предвидено е да има најмалку 15 учесници кои ќе имаат предавања за културното наследство и за цртањето стрип-приказни, истражувања на терен и низ литература.

Би можело да ве интересира

Игор Стевковски ја доби наградата за најдобар карикатурален стрип во Лесковац

Ана Ололовска

Предавање „Стрип и ангажман“ на Томислав Османли

Ана Ололовска

Отворен Конкурс за 17-тиот Меѓународен салон за стрип – Велес 2019

Ана Ололовска

Прва годишна награда за стрип „Лифт“

Ана Ололовска

Македонски автори на стрип-фестивал во Пожаревац

Ана Ололовска

Втора награда за македонски автори на стрип-фестивал во Србија

Ана Ололовска