Пронајден најстариот гроб во Кина

Археолози во јужната кинеска провинција Гуангдун пронашле гробница стара 13.500 години, што претставува досега најстар гроб откриен во Кина.

Во гробот е закопана девојка на возраст меѓу 13 и 18 години, со обезглавено тело, сместено во положба на клечење.

Археологот одговорен за ископувањата смета дека телото намерно било поставено во гробот во таква позиција. Покрај скелетот се пронајдени алатки и предмети, што според него, укажува дека и во тоа време постоеле погребни ритуали.

Гробови со тела поставени во слична положба и претходно биле пронаоѓани во јужна Кина и југоисточна Азија, но тие потекнувале од понов датум. За разлика од ова, во антички гробови откриени во северна Кина, телата биле положувани на грб со испружени раце и нозе.

Би можело да ве интересира

Во Стоби меѓународна работилница за конзервација, во тек се и археолошки истражувања

A1on

Откриено како била градена Кеопсовата пирамида

A1on

Во викиншки гроб пронајдена жена воин

A1on

Откриена најстарата христијанска кралска гробница во Велика Британија

A1on

Симпозиум на Македонското археолошко друштво

A1on

Пронајден влез во подземниот свет на Маите

A1on