ВИДЕО: Јанакиески побарал увид во доказите за „крвавиот“ четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде беше повикан да даде исказ за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието на РСМ.

Јанакиески на распитот, побарал увид во доказите кои ги поседува Обвинителството за „крвавиот“ четврток.

Покрај ексминистерот за транспорт и врски, неделава на распит беа повикани и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски.

Обвинителството за организиран криминал и корупција на почетокот на годинава отвори истрага против пет лица кои се сомничат дека се организатори на упадот.

Освен Јанакиески, како организатори се осомничени и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовки и Никола Бошкоски, поранешен вработен во УБК кој е во бегство.

Во претходната постапка за крвавиот четврток, Јанакиески, Вељаноски и Ристовски, од страна на сега осудениот Александар Василевски Нинџа беа посочени како организатори на упадот во Собранието. Според сведочењето на Василевски, ексминистрите на 27 април се наоѓале на осмиот кат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ од каде го координирале упадот.

Во февруари на Јанкиески му беше определен куќен притвор поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Советот на јавни обвинители ги спаси од дисциплинска обвинителите кои не постапија на крававиот четврток

Васко Маглешов

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите сметаат дека рокот за жалба е прекраток

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Ќе се бара екстрадиција за Груевски како организатор на 27 април

Ана Ололовска

Кацарска нема да ги суди организаторите на „27 април“

Ана Ололовска

Ем помилувани за 27 април ем бараат два милиона евра трошоци за адвокатите

Васко Маглешов

Куќен притвор за тројца обвинети организатори на крвавиот четврток

Татјана Ташкова