Екипа од Кина дел од СЕХА во следната сезона

Извршниот комитет на регионалната ракометна СЕХА – Гаспром лига одлучи во сезоната 2019/2020 кинескиот тим Пекинг спорт универзитет да биде нов учесник во натпреварувањето.

– Деветтата сезона на СЕХА – Гаспром лига ќе донесе многу новини во нашата лига, а еден од нив ќе биде кинескиот тим Пекинг спорт универзитет, кој ќе учествува во претстојната сезона во Лигата. Влезот на кинескиот тим ќе ја одбележи новата ракометна ера во регионот и во СЕХА-Гаспром лигата. Нашата цел е да го развиеме регионалниот ракомет и да донесеме нешто ново, револуционерно во регионот. На овој начин ги прошируваме нашите хоризонти и пазари во југоисточна Европа, но и надвор од европските граници, изјави Михајло Михајловски, претседател на СЕХА-Гаспром лигата.

Тој понатаму го коментираше проширувањето на Лигата од 10 до 12 клубови.

– Во претстојната сезона ќе имаме 12 учесници во Лигата. Ние отсекогаш се стремевме кон посилни спортски и маркетинг аспекти на Лигата и сме сигурни дека со кинескиот тим што ќе влезе во Лигата, иднината на ракометот во регионот и на глобално ниво ќе има корист од тоа, смета Михајловски.

Актуелен шампион во СЕХА е Вардар, а покрај „црвено-црните“ во регионалнот натпреварување, од македонските екипи настапува и Металург.

Би можело да ве интересира

Се полни плоштадот во Скопје, се чекаат ракометарите

A1on

(ВИДЕО) Ечи на скопскиот аеродром, се чекаат шампионите

A1on

Три од три за Вардар во ракометната Суперлига

A1on

Милосављев и Криштопанс во иделаниот тим на тренерите на тимовите во ЛШ

A1on

Македонија против Исланд ќе го заверува пласманот на ЕП 2020

A1on

Дибиров: Победата ја посветуваме на Дисингер

A1on