Терапија за лекување намален имунитет развиена од ХИВ

Американски научници со помош на ХИВ вирусот развија терапија за лекување и на најтешки видови намален имунитет, така што по терапијата осум бебиња сега имаат целосно функционален имун систем, објави „Њу Ингланд Медисин Џурнал“.

Новороденчињата имале потешка комбинирана имунодефицијенција позната како „бабл бој”. Потфатот е спроведен во болница во американската сојузна држава Тенеси.

Во рамки на терапијата, се зема коскена срж од бебето и се модификува дефектот во нивната ДНК, и тоа веднаш по раѓањето. „Исправниот” ген, всушност тој што се користи за лекување, во процедурата се вбризгува во изменета клетка на ХИВ вирусот, кој ја предизвикува СИДА-та.

Стручните лица соопштија дека повеќето бебиња излегуваат од болница за околу еден месец.

Бебињата ја добивале терапијата во Мемфис и во Сан Франциско.

Би можело да ве интересира

Бесплатни прегледи преку превентивната програма за ХИВ

A1on

Јаде петпати на ден за да го спаси животот на татко му

A1on

ВИДЕО: Фластер против срцев удар ќе биде тестиран на луѓе

A1on

Откриени гени за подолг живот, се намалуваат шансите за деменција

A1on

Во Калифорнија се роди најмалото бебе во светот со тежина од 245 грама

A1on

Во еден град во Пакистан со ХИВ заразени стотици деца

A1on