Барселона и Ајакс први полуфиналисти во Лигата на шампионите

Екипите на Барселона и на Ајакс изборија учество во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони по победите над своите ривали во реваншите од четвртфиналната фаза.

Барселона по втор пат го совлада Манчестер јунајтед, овој пат со 3:0 и со вкупни 5:0 оди во следната рунда. Стрелци на головите на дуелот одигран на „Олд Трафорд“ беа Лионел Меси (два) и Кутињо.

На вториот синоќешен натпревар во елитното натпреварување, Ајакс приреди сензација со елиминацијата на Јувентус. По ремито во Амстердам (1:1), во реваншот холандскиот тим победи со 2:1 и се пласира меѓу четирите најдобри.

Вечер играат:
Манчестер сити – Тотенхем (0:1 прв натпревар)
Порто – Ливерпул (0:2).

Би можело да ве интересира

Ван Гал: Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на шампионите

A1on

Чех назначен за технички советник во Челзи

A1on

Нејмар ќе ги пропушти првите три натпревари во Лигата на шампионите

A1on

Номе Калју противник на Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ

A1on

Познати можните противници на Шкендија во првото квалификациско коло од ЛШ

A1on

Златни „Ајфони“ со гравирано име добија фудбалерите на Ливерпул

A1on