Баерн го посака Антонио Конте

Антонио Конте е еден од изненадувачките кандидати за нов тренер на Баерн Минхен, информира италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Во материјалот се вели дека поранешниот ментор на Јувентус и Челзи имал безброј предлози, но најконкретен и најпримамлив од сите е тој на тимот од Минхен.

Актуелниот тренер, Нико Ковач најверојатно ќе ја напушти „Алијанц арена“ по крајот на годината. Хрватот е цел на чести критики, па дури и извршниот директор Карл-Хајнц Руменге вели дека никој нема загарантирано место во Баерн.

Шефот остана длабоко разочаран од бесмислената елиминација од Ливерпул во Лигата на шампионите. Најуспешниот германски клуб играше плашливо и изгуби 1:3 на својот стадион, што ја запечати, се чини, судбината на Ковач

Според германските медиуми, сепак Баерн нема да ризикува со Коне поради нивното болно искуство со Италијанците (Џовани Трапатоне и Карло Анчелоти), и поради дефанзивниот стил на Антонио.

Конте, сепак, стана трикратен шампион во Италија со Јувентус, го одведе Челзи до титулата во Премиер Лигата во своето деби, и дефинитивно покажа дека има гени на победник. Тоа на крајот може да предизвика шефовите на Баерн да прибегнат кон сензационално назначување.

Би можело да ве интересира

Левандовски го навести трансферот на Сане во Баерн

A1on

Дортмунд и официјално си го врати Хумелс

A1on

Родригез ќе ја продолжи кариерата во Наполи

A1on

Борусија го продолжи договорот со Фавр

A1on

Хумелс го напушта Баерн

A1on

Диаби е ново засилување на Баер

A1on