Уште еден француски милијардер донира средства за обнова на Нотр Дам

Францускиот милијардер Бернар Арно, кој го контролира луксузниот конгломерат ЛВМХ, денеска соопшти дека неговото семејство и компанијата ќе донираат 200 милиони евра за да помогнат во обновата на катедралата Нотр Дам.

– Семејството Арно и ЛВМХ се солидарни по оваа национална трагедија и ќе учествуваат во реконструкцијата на таа извонредна катедрала, симбол на Франција, нашето наследство и единство, се вели во соопштението.

Претходно, сопругот е позната актерка Салма Хајек, Франсоа-Анри Пино, кој е прв човек на корпорацијата „Керинг“, сопственик на познатите брендови „Гучи“ и „Сен Лорен“ и претседател на компанијата што ја поседува аукциска куќа „Кристис“, соопшти дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра за обнова на катедралата.

– Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам, соопшти Пино.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вети дека Нотр Дам ќе биде обновена по големиот пожар што ја уништи централната кула и покривот на готското архитектонско ремек-дело во Париз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Нотр Дам одржана прва миса по големиот пожар

A1on

Кровот на Нотр Дам се уште може лесно да се урне

A1on

Поголемиот дел од ветените пари за катедралата Нотр Дам не се уплатени

A1on

Експерти предупредуваат да не се брза со обновувањето на Нотр Дам

A1on

Дали привремените камбани поставени на Нотр Дам се причина за пожарот?

A1on

УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што беше

A1on