Единствена Македонија: Иванов да не се плаши од заканите на Заев и Ахмети и да ги помилува уставобранителите

„Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија со нетрпение очекуваат да ја слушнат радосната вест од претседателот Иванов за помилување на уставобранителите кои се осудени на повеќе од два века затворски казни само затоа што влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок на државата.

Единствена Македонија очекува од Иванов да не наседне на вчерашните закани на Зоран Заев и Али Ахмети. Заев се закани дека новиот претседател ќе ги поништи евентуалните помилувања од Иванов а Ахмети најави последици во државата доколку Иванов даде помилување.

Го охрабруваме Иванов да не се плаши од блефирањето на Заев и Ахмети оти за заканите на Заев нема правна основа, а за заканите на Ахмети да му порачаме дека трпението на македонскиот народ ги поминува сите можни граници и доколку Ахмети повторно прави проблеми овојпат ќе си има работа со македонскиот народ а не со македонското предавничко позициско и опозициско раководство во воената 2001-ва“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт

A1on

Единствена Македонија: Заев ја потценува жртвата на бранителите во Арачиново

A1on

Единствена Македонија: Штом Шеќеринска ни забрани дебата во Домот на АРМ, готови се и тие тоа го знаат

A1on

Бачев: Ти благодарам Емануел што не го признаваш предавството на Заев како услов за влез во ЕУ

A1on

Бачев до Заев: По студениот туш од ЕУ, повлечи се од договорот со Грција, врати ги украдените пари и побарај аболиција од народот

A1on

Единствена Македонија до Бугарија: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Зоран Заев и Љубчо Георгиевски

A1on