(ВИДЕО) Шекеринска од Делчево: Глас за Стево е глас за НАТО и ЕУ, глас за инвестиции

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска беше во посета на Делчево и населеното место Тработивиште.

На средбите со младите во Делчево се разговараше за актуелната состојба во државата, престојните претседателски избори и можностите кои се отвораат со интеграција на земјава во НАТО и ЕУ.

– Глас за Стево Пендаровски е глас за големи можности за младите, истакна Шекеринска.

„Секој млад човек во нашата држава заслужува да живее како своите врсници во Европа, слободно да патува, да се образува и работи. Гласот на младите вреди и треба да се почитува, давајќи го својот глас за Стево Пендаровски вие го давате гласот за вас, за вашата иднина, да го видиме светот и тој да не види нас“, се дел од пораките кои ги упати Шекеринска на средбата со младите.

Посетата на Шекеринска на општина Делчево продолжи и во село Тработивиште.

Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска зборуваше со граѓаните за тоа дека членството во НАТО не значи само безбедност и сигурност на државата, туку значи и голем економски напредок кој граѓаните го почуствуваа уште кога се наговести членството, се охрабрија и инвеститорите како домашните така и странските , па ланската година ги добивме рекордните 624.5 мил. евра странски директни инвестиции, а невработеноста се намали на 19,4 отсто, што воедно е најнизок процент од осамостојувањето на државата до сега. Сето тоа, е само мотив плус да продолжиме и понатаму.

Но, за да се продолжи понатаму потребно е претседател кој нема да биде кочничар туку напротив ќе ги поддржува мерките и реформите кои ја водат државата напред.

-И нашата армија и нашата одбрана и нашата безбедност бараат да имаме престседател кој ќе биде вистински врховен командант, кој ќе знае како да и помогне на армијата и како да ја засили и одбрани државата, рече Шекеринска.

Таа посочи дека на државата и треба претседател кој што ќе не обединува, а не дели и ги повика граѓаните да дадат поддршка на човекот кој сите овие години покажа дека не брка личен интерес, туку дека се труди на својата држава да и помогне.

– Ни треба и врховен командант и претставник во светот од кој нема да се срамиме, туку со кој ќе се гордееме. Кој кога ќе излезе ќе личи како нашата држава која сака да оди напред, а не да седи назад.

Би можело да ве интересира

Имамоглу со убедлива победа на изборите за градоначалник на Истанбул

A1on

Кандидатот на Ердоган го призна поразот на локалните избори во Истанбул

A1on

Анкета: Нова демократија со водство пред Сириза

A1on

Медиумската изборна кампања чинела 3,76 милиони евра, ДИК се откажа од надоместоците

A1on

За партијата на Макрон резултатите на евроизборите не се „ниту победа, ниту пораз, ниту добар резултат“

A1on

Почнаа најавите за можни коалиции по Евроизборите

A1on