(ВИДЕО) Вељаноски: Се одзвав на поканата на Обвинителството

По неполн час, експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски излезе од Обвинителствот за гонење организиран криминал и корупција.

„Се одзвав на поканата на Обвинителството. Не направив увид во доказите“, рече Вељаноски по излегувањето од Обвинителството.

Тој е еден од петтемина осомничени организатори и осмислувачи на упадот на Собранието на 27 април 2017 година.

За него во февруари Обвинителството побара, но судот не определи притвор, бидејќи Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Вештачењето на телефонот на Вељаноски, што беше дел од судењето за „крвавиот“ четврток покажа дека до или од неговиот телефон се испратени 4 пораки до Никола Груевски, пред и на денот на „крававиот“ четврток.

Во моментите кога е избран Талат Џафери за претседател Вељаноски побарал од Илија Димовски пратеници да му го чуваат кабинетот.

На Никола Тодоров пак му испратил порака да се собере народ. По настаните Вељаноски интензивно комуницирал со пратеникот Крсто Мукоски и со шефот на обезбедувањето, Горан Ѓошевски Леви, и двајцата неправосилно осудени.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите сметаат дека рокот за жалба е прекраток

A1on

ВИДЕО: Ќе се бара екстрадиција за Груевски како организатор на 27 април

A1on

Кацарска нема да ги суди организаторите на „27 април“

A1on

Ем помилувани за 27 април ем бараат два милиона евра трошоци за адвокатите

Васко Маглешов

Куќен притвор за тројца обвинети организатори на крвавиот четврток

A1on

Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски обвинети дека го организирале крвавиот четврток

Васко Маглешов