Зидан по ремито со Леганес: Следната сезона Реал ќе биде многу подобар

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по натпреварот со Леганес (1:1) во дуелот од 32. коло од шампионатот на Шпанија вети дека тимот ќе игра подобро следната сезона.

– Во првото полувреме игравме лошо, но по паузата одигравме многу подобро. Во принцип, треба да напредуваме. Следната сезона ќе бидеме многу подобри. Тимот мора да биде конкурентен. Бензема има добра сезона, особено во поглед на голови. Тој се фокусира на ефикасноста. Тој е фантастичен играч, и постигна многу оваа сезона. Многу сум среќен за него. Го покажа својот карактер и прави добра работа за тимот, изјави Зидан.

По 32 кола во шпанската Примера, Реал Мадрид се наоѓа на 3.место со 61 бод, четири помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид и дури 13 од лидерот Барселона.

Би можело да ве интересира

Кутињо: Не знам дали повторно ќе играм за Барса

A1on

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

A1on

Ето: Барселона е вистинското место за Салах

A1on

Ван Гал: Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на шампионите

A1on

Нејмар подготвен да се извини на навивачите на Барселона

A1on

Торес објасни зошто решил да ја заврши својата кариера

A1on