Во Шведска основан Музеј на историјата на жената

Жените се половина од светското население, но сепак историските наративи насекаде се крајно патријархални. Мажите во секоја историска тема се главни историски ликови, па затоа Швеѓанките Лина Томсгард и Хелене Ларсон Пусет одлучија да основаат Музеј на историјата на жената во Стокхолм.

– Традиционално, историјата ја пишуваат мажи за мажи и приказната е околу мажите. Историјата е обично сведоштво за војната и политичката моќ, а тоа се области во кои жените не биле толку присутни. Има толку приказни во кои жените имале водечка улога, а коишто не се познати, иако говорат за тоа како сме дошле до мигот во кој живееме. И тоа знаење треба да биде дел од колективната меморија, нагласува Томсгард, директорка на Музејот.

Натаму објаснува дека не говори за класичен музеј како објект.

– Ќе го претвориме цел Стокхолм во Музеј на историјата на жената, додава таа.

Концептот опфаќа предавања, прошетки низ градот, прикажување филмови на различни места по градот, со што ќе се популаризира улогата на жената низ историјата.

Прашана – зошто се одлучиле за „музеј без ѕидови”, Томсгард одговара, исто така, со прашање: „А, каде да најдеме зграда во која ќе го сместиме половина човештво?”.

Би можело да ве интересира

Прилеп ги отвори вратите на музеите цела ноќ

A1on

Музејските објекти во Кавадарци отворени и во ноќните часови по повод Светскиот ден и Европската ноќ на музеите

A1on

Древни кинески мудрости: Чистата совест не се плаши од ноќните звуци

A1on

Што може да видите и да доживеете во новиот шпионски музеј во Вашингтон?

A1on

Музејот на традиционална тиквешка храна имал 15 000 посетители во шест години постоење

A1on

Музеите имале 427.493 посетители минатата година

A1on