Нема приближување на ставовите по средбата Хан – Тачи

Косовскиот претседател вчера во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, каде разговарале за косовските царини и за визната либерализација за Приштина.

Комесарот Хан, по средбата, истакна дека е важно што побрзо Приштина и Белград повторно да седнат на преговарачка маса во рамки на Дијалогот за нормализација на односите.

-Добра средба со претседателот Хашим Тачи. Важно е да продолжи дијалогот Србија-Косово брзо, исто е во интерес на пошироката регионална стабилност и напредок. Го повторив ставот на ЕУ дека косовските царини се контрапродуктивни и дека треба барем да бидат суспендирани, напиша Хан на Твитер по средбата.

Дијалогот Белград-Приштина е суспендиран од ноември откако Косово воведе високи царини врз увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.

Од косовска страна меѓутоа не пристигна таков сигнал по средбата на Тачи со комесарот. Косовскиот премиер го стави фокусот на визната либерализација. Косово е единствената земја во регионот која не е ослободена од визниот режим поради блокади на ниво на земјите членки на ЕУ.

Тачи побара „силен ангажман“ од европските институции и од ЕУ членките кон Косово во процесот на европска интеграција и „фундаменталната потреба“ да се донесе набрзо одлука за ослободување од визниот режим за косовските граѓани.

Претседателот Макрон и канцеларката Меркел на 29 април во Берлин ги поканија српскиот и косовскиот претседател на средба, во обид да се деблокира дијалогот меѓу двете страни. На средбата во Берлин се поканети и другите премиери од регионот, вклучително и премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Имаме докази дека хуманитарна криза во северно Косово е исценирана

A1on

Косовската Влада го повлече нацрт-законот за финансирање на партиите

A1on

Тачи: Ако оваа година не се разбереме со Србија, ќе влеземе во опасна зона

A1on

Вашингтон: Белград и Приштина да преговараат без провокации и да се вратат на дијалогот

A1on

Харадинај: Нема да седиме со скрстени раце пред планот на Белград за дестабилизација на Косово

A1on

Косово: Невладините бараат повлекување на законот за финансирање на партиите

A1on