Традиционален велигденски концерт на ансамблот „Танец“

Ансамблот за народни игри и песни „Танец” вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен „Велигденско будење”.

Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес.

Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец” кој со овој концерт ја почнува јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”.

-Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности, соопшти „Танец“.

Би можело да ве интересира

Ансамблот „Танец“ со концерт ќе одбележи 70 години постоење

A1on

„Фолклорни игри под Шара“ во Тетово

A1on

Јубилеен концерт на ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија

A1on

Одржан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Албанија

A1on

Прв фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија

A1on

АКУД „Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години од своето постоење

A1on