Марота не гарантира дека Икарди ќе остане во Интер

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота не сакаше да даде гаранција дека Мауро Икарди ќе остане во тимот по крајот на сезоната.

Неодамна Аргентинецот се врати во игра откако неговата капитенска лента беше одземена. Официјалната верзија за неговото отсуство беше повредата на коленото, која не му дозволи да игра шест недели.

– Не може да гарантираш ништо. Икарди стекна професионално искуство и сега е достапен на тимот. Има договор за уште две години. Станува збор за еден од најдобрите напаѓачи. Ние ќе одлучиме кога ќе дојде вистинско време.

Желбата на клубот е многу важна, но играчот е од клучно значење. Фудбалерите не мора да бидат пријатели едни со други, но треба да бидат професионалци и да ги гонат целите поставени од клубот, прокоментира Марота за несогласувањата меѓу Иван Перишиќ и Икарди.

Би можело да ве интересира

Срна стави крај на фудбалската кариера

A1on

Блатер изненаден од притворањето на Платини

A1on

Тите: Нејмар е меѓу најдобрите тројца фудбалери на светот

A1on

Мурињо сака да предводи репрезентација, а не клуб

A1on

Притворен Мишел Платини

A1on

Чиле убедлив против Јапонија

A1on