Матиќ и Санчез се вратија во групата на Јунајтед за реваншот со Барса

Манчестер Јунајтед замина утринава за Барселона, каде утре „црвените ѓаволи“ ќе излезат на „Камп Ноу“ во реваншот од четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите против Барселона.

Во проширениот состав на Оле Гунар Солскјер се враќаат Немања Матиќ, Алексис Санчез и Матео Дармијан кои беа повредени.

Во првиот натпревар, кој беше одигран пред една недела на „Олд Трафорд“, Барселона победи со 1:0 по авто-гол на Лук Шо.

Групата на Манчестер Јунајтед за дуелот со Барселона:

Голмани: Давид Де Хеа, Серхио Ромеро, Ли Грант;

Одбрана: Диого Далот, Матео Дармијан, Ешли Јанг, Фил Џонс, Виктор Линделоф, Маркос Рохо, Крис Смолинг, Лук Шо;

Среден ред: Фред, Немања Матиќ, Скот Мактомии, Андреас Переира, Пол Погба, Џеси Лингард, Хуан Мата;

Напад: Антони Марсијал, Алексис Санчез, Ромелу Лукаку, Маркус Рашфорд.

Би можело да ве интересира

Срна стави крај на фудбалската кариера

A1on

Блатер изненаден од притворањето на Платини

A1on

Тите: Нејмар е меѓу најдобрите тројца фудбалери на светот

A1on

Мурињо сака да предводи репрезентација, а не клуб

A1on

Притворен Мишел Платини

A1on

Чиле убедлив против Јапонија

A1on