Италија предупредува на нов мигрантски бран кон Европа

Италијанската разузнавачка агенција АИСЕ ги предупреди властите во Рим дека илјадници мигранти од северна Африка наскоро ќе се обидат да стигнат до Европа.

Според сознанијата на АИСЕ, околу 6.000 мигранти би можеле да се обидат да дојдат во Италија, при што не е исклучено меѓу нив да има и исламистички терористи.

АИСЕ оценува дека овој нов мигрантски бран кон Европа е резултат на најновата ескалација на судирите во Либија, предизвикана од офанзивата на групата Либиска национална армија (ЛНА) на воениот командант Калифа Хафтар кон Триполи, што е под контрола на меѓународно признатата Влада на земјата.

Би можело да ве интересира

Италијанскиот „крал на кокаинот“ побегна од затвор во Уругвај

A1on

Во Драч уапсен гостиварец при обид за шверц на цигари за Италија

A1on

Италјанската полиција заплени 281 килограми дрога и уапси 11 Албанци

A1on

УНИЦЕФ: Во Италија 1,2 милиони деца живеат во апсолутна сиромаштија

A1on

Долгот на Италија е голем ризик за економијата на земјите од еврозоната

A1on

По предупредувањето од премиерот, Салвини и Ди Мајо договорија соработка

A1on