Бензините поскапуваат од 2,5 до три денари, дизелот 1,5 денар

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 до три денари, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За три денари од ноќеска на полноќ ќе биде цената на Еуросупер 95 и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на Еуросупер 98 и ќе се продава по 73 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

Се зголемува малопродажната цена и на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше70,422 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.

Би можело да ве интересира

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-98 и дизелот

A1on

Поскапува Еуросупер БС-95, останатите горива по иста цена

A1on

Горивата поевтинуваат до три денари

A1on

Поевтинуваат горивата

A1on

Макпетрол: РКЕ не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата во корист на потрошувачите

A1on

Поевтинуваат горивата

A1on