Бочварски се сретна со борачот Владимир Егоров и каратистот Емил Павлов

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет ги прими двајцата европски медалисти, каратистот Емил Павлов од КК „Штип“ и борачот Владимир Егоров од БК „Балканец“.

Се разговараше за нивниот успех и идните предизвици со кои ќе се соочат. Градоначалникот Бочварски потенцираше дека Општина Штип стои на располагање за секаква помош, бидејќи овие двајца спортисти се амбасадори на Штип и затоа поддршката е голема.

„Се работи за двајца успешни спортисти коишто и во изминатите неколку недели имаа успешни натпревари на европските првенства и донесоа бронзени медали.

Општина Штип е единствениот град во Република Северна Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму,“ изјави Бочварски.

Емил Павлов и Владимир Егоров ја искажаа својата благодарност за овој прием и потенцираа дека резултатите ќе продолжат и во иднина со што ќе носат радост на Штип и на државата.

Би можело да ве интересира

Штипскиот ветеринар: Кучето Бренда беше усмртено зашто беше старо и агресивно

Галена Николовска-Ризвановиќ

Штип конечно ќе ја гради браната на река Отиња

Ана Ололовска

Археолозите работат на два локалитета на експресниот пат Штип – Кочани

Пробниот попис во Штип тече без проблеми

Ана Ололовска

Одложено судското рочиште за стечај на штипски „Бетон“

Ана Ололовска

Акција „Се бара Тор од планетата Азгард“ во Штип

Ана Ололовска