ВМРО-ДПМНЕ демантира: Немавме закажано митинг во Лозово за да го откажеме

Начинот на кој што СДСМ објавува лажни вести преку електронски медиуми покажува колку се очајни Заев и Пендаровски.

Како што наближува 21 април, така се зголемува паниката кај Заев и Пендаровски.

Ги демантираме лагите изнесени во дел од порталите, според кои ВМРО—ДПМНЕ, откажало митинг во Лозово.

ВМРО-ДПМНЕ за денес немаше закажано митинг во Лозово. Собирот во Лозово ќе биде одржан на 19 април и на истиот ќе присуствува и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Очекуваме порталите кои ја објавија лажната вест на СДСМ , истата да ја демантираат.
ВМРО-ДПМНЕ ужива голема подршка во Лозово, како и во цела Македонија. Зоран Заев го знае тоа и затоа преку лажни вести сака да ја дезавуира јавноста.

Времето на лагите одамна помина. Граѓаните повеќе не веруваат на манупулациите од Бихаќка.

На 21 април, Зоран Заев и Стево Пендаровски ќе го добијат одговорот од граѓаните за сите лаги и манипулации изнесени во изминатиот период, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Се чека судбината на СЈО за да почне судењето за белата палата

Васко Маглешов

ВМРО-ДПМНЕ: Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е

A1on

Половина година не може да почне судењето за Груевски и Божиновски за белата палата

Васко Маглешов

СДСМ: Лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е дека Десковска користела службено возило

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Десковска со службено возило и маичка од кампања на партиски митинг

A1on

(ВИДЕО) Мисајловски: Додека Заеви ги шират бизнисите, Македонија не може да оди напред

A1on