ВИДЕО: Објавен трејлер од документарецот за Павароти

Филмската компанија која го снимаше документарниот филм “Павароти” во режија на Оскар Рон Хауард, го објави првиот официјален трејлер.

Филмот од блиску ги разгледува животот и работата на италијанската пејачка икона што ја доближи операта до пошироката светска публика.

Документарниот филм “Павароти” ќе ги прикаже историските претстави, интервјуа и снимки на Павароти од приватни архиви кои никогаш претходно не биле јавно прикажани.

За потребите на овој филм, неговите блиски соработници и пријатели зборуваа за Павароти, вклучувајќи ги и Хозе Карерас, Пласидо Доминго и Боно Вокс.