Иванка Трамп во Африка, за економско јакнење на жените

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, започна четиридневна турнеја низ Африка за да го промовира вработувањето на жените во земјите во развој.

-Во суштина веруваме дека инвестирањето во жени е паметна развојна политика и е паметна деловна одлука, рече Иванка Трамп во главниот град на Етиопија Адис Абеба.

Иницијативата Глобален развој и просперитет на жените има за цел до 2025 година економски да зајакне 50 милиони жени.

Претседателот Трамп и нареди на УСАИД да инвестира 50 милиони долари во фондот на Глобален развој и просперитет на жените.