Асанж се наоѓа во строго обезбедуваниот затвор Белмарш

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е однесен во затворот Белмарш во југоисточниот дел на Лондон, открива неименуван британски судски извор.

Затворот Белмарш е силно обезбедуван, со капацитет до 910 затвореници, меѓу кои има и такви што предизвикуваат голем медиумски интерес. Меѓу нив беше Роналд Бигс, еден од извршителите на грабежот на поштенскиот воз од Глазгов до Лондон во 1963 година, кој почина во 2013 година. Меѓу затворениците се наоѓаше и радикалниот проповедник Анџем Чоудри, кој е осуден во 2016 година и ослободен две години подоцна.

Британската полиција пред два дена го уапси Асанж во зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години, откако Еквадор му го укина азилот. Полицијата информираше дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин.

Адвокатката на Асанж, Џенифер Робинсон изјави дека нејзиниот клиент ќе се бори против барањето за екстрадиција, а тој процес може да трае меѓу 18 месеци и две години.

Би можело да ве интересира

Шпански весник тврди дека тимот на Асанж сакал да го прокриумчари во Русија или Куба

Татјана Ташкова

Шведското обвинителство се откажа од барањето за распит на Асанж

Асанж негира дека ги пробил лозинките на Пентагон но се соочува со екстрадиција во САД

Британскиот министер за внатрешни работи потпиша одлука за екстрадиција на Асанж во САД

Ана Ололовска

САД поднесе барање за екстрадиција на Асанж

Ана Ололовска

Судот во Шведска нема да бара притвор за Асанж