Родителите на убиените деца кај Смилковско: Доста седат во фотелји врз крвта на нашите деца

„И по седум години, уште чекаме правда за нашите деца. Се чувствуваме излажани и изманипулирани. Болката во нашите души нема никогаш да згасне. Се уште не ни е јасно, зошто беа убиени, која беше нивната вина? Каде се тие докази, доста беше молчење и криење. Нема да се помириме со судбината се додека не добиеме, изјави за „А1он“, Раде Славковски, таткото на едно од 5-те момчиња кои беа свирепо убиени пред 7 години, кај Смилковското езеро.

На кобниот ден, на велики четврток, четирите момчиња ловеле риба, а судските вештачења покажаа дека им е пукано од зад грб од огнено оружје. Подоцна, откако премиерот Заев, тогашен лидер на опозицијата тврдеше дека има докази во „бомбите“, случајот познат во јавноста како „Монструм“ го презеде Специјалното обвинителство. Но, случајот се уште е енигма, за јавноста.

Таткото на Александар Наќевски, Горан, за „А1он“ рече дека ќе се воздржат од јавен настап во медиумите се додека во судот не се појави клучниот сведок, премиерот Зоран Заев. Тој вели дека ќе бараат седницата да биде јавна, при што родителите ќе бараат тој да ги изнесе доказите кои им ги ветил дека ги има за случајот „Монструм“.

„Пред избори ветуваше дека се ќе излезе на виделина, дека тие што ни ја нанесоа болката, ќе ја платат цената. Но, до ден, денешен ништо од тоа. Нашите деца дури се вртеа и во спотовите со црни букви беа испишани нивните имиња. На сите ни е јасно дека ова е политичка игра, но ние нема да се откажеме. Не може некој да седне на фотелја врз крвта на нашите деца“, порача Накески.

Инаку, 2012-та година, на 12 април, кај Смилковско езеро, беа убиени, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски од скопската населба Радишани.

Првично за „Монструм“, беа донесени пресуди за доживотен затвор, за обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Но, Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.

За органите на прогонот, се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда информираа дека чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од косовските власти.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Судењето за „Титаник“ продолжува на 5 јули

A1on

Судењето за „Монструм“ продолжува на 1 јули

A1on

ВИДЕО: СЈО бара Орце Камчев да биде стражарно донесен со полиција во судот

Васко Маглешов

Ново рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО

A1on

Грујевски наредил на парчиња од 5 сантиметри двапати да биде исечена опремата за прислушување од УБК

Васко Маглешов

УБК прислушувало на компјутери во аероклубот во Центар и кај базенот Аеродром

A1on