Пронајдена снимка на „Битлси“ стара над 50 години

Ретка видеоснимка од настап на „Битлси“ во живо на ТВ емисија на Би-Би-Си, која трае 11 секунди, е пронајдена во приватен дом во Мексико.

– За љубителите на „Битлс“, ова е „свет грал“. Мислевме дека снимката е загубена засекогаш, оти не е сочувана видеокасетата од 1966 година. Неверојатно е што ја пронајдовме по толку години, изјави Крис Пери, претставник на Би-Би-Си.

Синмката без звук, е досега единствена таква и е направена 1966 година. Не се работи за оригинална лента, туку за видеоснимка на гледач од Ливерпул, кој го снимал својот телевизор со камера. Потоа таа завршила кај колекционерот од Мексико.

Повторно откриената снимка ќе биде прикажана во рамки на програмата „Музика за која се веруваше дека исчезнала“ на 20 април, заедно со епизода на „Топ оф д Попс“ од 1969, каде „Битлси“ го промовираат видеоспотот за песната „Something“.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски ќе настапи на Д-фест во Дојран

A1on

Шест вечери музика на „The Park Festival” во Гостивар

A1on

Брајан Адамс доаѓа во Скопје

A1on

ВИДЕО: Нова песна на рок-бендот Fiction

A1on

„One love tour“ од 20 јули до 5 октомври во седум градови во Северна Македонија и Бугарија

A1on

Победничката атмосфера продолжува на концертот на Стинг

A1on