МАНУ ќе одбележи 110 години од раѓањето на Харалампие Поленаковиќ

МАНУ денеска напладне ќе организира свечен собир по повод 110 години од раѓањето на Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и меѓу првите членови на Академијата.

Собирот ќе го отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а обраќања ќе имаат академиците Витомир Митевски, Влада Урошевиќ, Зузана Тополињска и Катица Ќулавкова.

Харалампие Поленаковиќ (Гостивар, 30 јануари 1909 – Скопје, 15 февруари 1984) е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од илјада библиографски единици.

Би можело да ве интересира

Левица до МАНУ: Дали учебниците и вашите научни кариери се лажни, а со тоа Делчев е бугарски револуционер?

A1on

МАНУ одбележува 100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски

A1on

Во МАНУ „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“

A1on

Во МАНУ предавање на Луис од Оксфорд, за примената на информатички алгоритми

A1on

Конференција во МАНУ: НАТО предизвикувач на позитивни поместувања

A1on

Две опции за новото име на МАНУ

A1on