Порамнување на платите во културата по завршување на изборите

Министерството за култура соопшти дека направило анализа на потребните средства за порамнување на платите на вработените во установите од областа на културата по дејности, во согласност со постојните колективни договори на ниво на установи.

Работната група формирана во Министерството за култура направила пресметки колку финансии се потребни, но додека траат претседателските избори законот не дозволува завршување на постапката за нивелација на платите.

– Во согласност со Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршувањето на изборот за претседател на Република Северна Македонија не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетските средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал, ниту да се потпишуваат колективни договори, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Отпад во Министерството за култура

Васко Маглешов

Дебата за јазот во платите на мажите и жените

Ана Ололовска

СДСМ: По рекордниот раст во 2018, платите растат и во 2019

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ласкова: Како советник се грижам за широката слика во културата, проектите се во надлежност на комисиите

Предраг Петровиќ

Министерство за култура: Ќе се менува начинот на финансирање на проектите

Сандра Бошковска

Тевдовски: Во 2018 година највисок раст на платите последните девет години

Ана Ололовска