Дисингер нема скршеница, туку само дислокација, соопштија од Вардар

Екипата на Вардар соопшти дека вечерва во болница во Брест се направени првични прегледи на левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер и дека најверојатно се работи за дислокација, а не скрешница во раката.

По дуел со противнички играч на Загреб во првото полувреме, бекот падна со целата тежина врз раката, а лекарските екипи на Вардар веднаш го изнесоа надвор од теренот.

– Кристијан Дисингер се чувствува добро. Извршени се лекарски прегледи во болницата во Брест. Првичните информации се дека нема скршеница туку само дислокација. По враќањето во Скопје следуваат дополнителни испитувања, соопштија од тимот.

Би можело да ве интересира

Димитриоски нов ракометар на Вардар

A1on

Скубе останува во Вардар до 2022

A1on

Горпишин и Атман го засилуваат Вардар

A1on

Од денес можност за фотографирање со пехарот од ракометната ЛШ

A1on

ВИДЕО: Вардар преку специјално видео се збогува со ракометарите кои си заминуваат

A1on

Шпанецот Писонеро нов тренер на Вардар

A1on