ЕК: Земјите членки внимателно да ги проценат ризиците поврзани со Хуавеи

Европската Комисија ги презентираше своите препораки до земјите членки за безбедноста на 5Г мрежата и опремата на кинескиот гигант Хуавеи. Европската извршна власт, иако не се произнесува за забрана на кинеската технологија на европско тло, бара од земјите внимателно да ги анализираат ризиците.

Развојот на 5Г технологијата отвора врата за опрема од Хуавеј на европско тло, што според САД претставува безбедносен ризик поради сомнежи дека компанијата би можела да го искористи својот пристап за да шпионира за кинеската Влада. Поради тоа, американскиот претседател Доналд Трамп побара од европските земји да му забранат пристап на Хуавеј во Европа.

ЕК, меѓутоа, не се произнесе за забрана во своите препораки, иако им сугерира на земјите да останат внимателни и им остава слобода да изберат забрана доколку оценат дека националната безбедност им е загрозена.

Препораката објавена вчера посочува дека земјите членки на ЕУ треба до крајот на јуни да спроведат безбедносна процена на ризиците кои произлегуваат од инфраструктурата на 5Г технологијата.

До октомври 2019 година Европската агенција за кибер-безбедност треба да спроведе европска евалуација на тие ризици, а до декември годинава, посебна група за координација има задача да создаде алатки кои ќе им овозможат на земјите членки да одговорат на евентуалните закани на национално и на европско ниво. Потоа, препорачува ЕК, до крајот на 2020 година, земјите членки и Европската Комисија, заедно, ќе ги проценат резултатите од оваа препорака и ќе одлучат дали се потребни дополнителни мерки.

Хуавеј изрази задоволство за таквото позиционирање на европските институции, нарекувајќи го „објективно и пропорционално“.

Сепак во тие алатки кои треба да ги изготви групата за координација не се исклучува можноста да му се изрече забрана на Хуавеј доколку безбедносните процени ја оправдуваат.

– Не сакам да шпекулирам, прво да ги направиме безбедносните процени, изјави потпретседателот на ЕК, Андрус Ансип.

Земјите членки имаат право да им забранат пристап на приватни компании до своите пазари доколку е загрозена националната безбедност и доколку компаниите не ги почитуваат правните норми на земјата.

– Препораката на ЕК остава на самите земји членки да ги дефинираат безбедносните критериуми поврзани на 5Г мрежата, вклучително и „обврзувачки критериуми за спроведување на системите за сертификација за кибер-безбедност“, се наведува препораките.

Истовремено во Париз вчера се одржа мултилатерална средба помеѓу кинескиот претседател Си Џинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. На средбата, според официјалните информации, не станало збор за 5Г технологиите, туку за иднината на стратешката соработка меѓу ЕУ и Кина.

По едночасовната средба, четворицата лидери се обратија пред медиумите, но не одговараа на новинарски прашања.

Си го поздрави „продлабочувањето на разговорите“ со своите европски колеги и увери дека успеале да изнајдат заеднички ставови во низа области, од климатските промени до политичкиот и трговскиот мултилатеризам.

Би можело да ве интересира

Меркел и натаму се залага новиот претседател на ЕК да се бира меѓу „водечките кандидати“

A1on

Мајкрософт ја продолжува соработката со Хуавеј

A1on

Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет

A1on

Макрон: Отфрлени тројца водечки кандидати за претседател на Европската комисија

A1on

На „Хуавеј“ ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони

A1on

ЕК од САД бара пристап до електронски податоци при истраги

A1on