(ВИДЕО) Костадинов: На вистински пат сме, економијата расте, рекордно ниво на инвестиции и повеќе пари кај граѓаните

„Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија се пет клучни економски параметри.

Под еден е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година.

Освен растот на еконономијата, во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.

Трет важен економски параметар кој оди во добра насока: индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години (5.4%).

Најголем раст на просечната плата од 8.1% во декември 2018 година (25.784 денари).

Платите растат а невработеноста се намалува, на историски најниски под 20%. За неполни две години бројот на вработените е зголемен, отворени се над 26 илјади работни места“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата.

„Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока.

Полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.

Накусо, напредокот во евро-атланските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови и добро платени работи места, подобар животен стандард.

Растот на економијата носи бројни придобивки за граѓаните, отвора шанса за сите и затоа е важно напредокот да продолжи“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски во одбрана на криминалот на Груевски решил да не дојде на лидерската средба

СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски е во нов обид да го блокира напредокот на земјата

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид

(ВИДЕО) Костадинов: Блокадите и деструкциите на Мицкоски нема да успеат

Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

Ана Ололовска