Скопјани пијат чиста и здрава вода

Жителите на Скопје пијат чиста и здрава вода и не треба да се грижат дали ќе ја има доволно, со кој квалитет и во кое време на денот. Вода има доволно. Ова денеска го истакнаа скопскиот градоначалник Петре Шилегов, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски и Зоран Божиновски директор на Центарот за санитарна контрола при ова јавно претпријатие на одбележувањето на 22 март – Светскиот ден на водата.

– ЈП „Водовод и канализација“ го гарантира квалитетот на водата за пиење на граѓаните на град Скопје и го имаме еден од најдобрите извори во Европа, а тоа е изворот Рашче 1 и Рашче 2, изјави директорот Весковски по посетата на каптажите Рашче 1 и Рашче 2.

Градоначалникот Шилегов истакна дека водата која ја пијат скопјани е безбедна и невозможно е да биде загадена. Скопската вода, како што рече, е една од трите најдобри води во Европа.

Би можело да ве интересира

РКЕ бара да определува конечна цена за водата и водните тарифи

Ана Ололовска

Утре привремен сообраќаен режим на дел од „Партизанска“

Ана Ололовска

„Црвена јабука“ в сабота на „Summerland“ во Градски парк

Ана Ололовска

Град Скопје ќе отвори сензорна соба во Радишани

Ана Ололовска

Без вода делови на општина Карпош

Ана Ололовска

Во четврток петто прскање против комарци во Скопје

Ана Ололовска