Реакција на Кремљ по под изјавата на Трамп за Голанска Висорамнина

Кремљ денеска соопшти дека се надева оти повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина ќе остане само апел.

– За сега тоа е само апел. Се надеваме дека ќе остане на тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека изјави слични на повикот на Трамп се ризик за сериозно дестабилизирање на Блиски Исток и се спротивни на напорите за изнаоѓање на мирно решение за судирите во регионот.

Претходно и Иран и Сирија реагира на изјавата на Трамп за Голанска Висорамнина.

Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина е неприфатлива. Оваа нелегално и неприфатливо признавање не го менува фактот дека Голан и припаѓа на Сирија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.

И Сирија ја осуди изјавата на Трамп. Сириската Влада наведе дека е одлучна со „сите средства“ повторно да ја врати контролата над Голанска Висорамнина.

– Изјавата на Трамп покажува слепа пристрасност на САД кон Израел, но реалноста е дека Голанска Висорамнина е и ќе остане сириска и арапска. Сириската нација е уште поодлучна да го ослободи оваа вредно парче сириска територија користејќи ги сите средства, се наведува во соопштението од сириската Влада.

Трамп вчера на Твитер објави дека е време да се признае суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина.

– По 52 години време е САД во целост да го признаат израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина, што е од клучно стратешко и безбедносни значење за државата Израел и регионалната стабилност!, напиша Трамп на Твитер.

Израел ја освои Голанска Висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967 година, а подоцна ја анектира областа.

Шестдневната војна позната и како Арапско – израелска војна се водеше помеѓу Израел од една страна и Египет, Јордан и Сирија од страна. На крајот од војната Израел под своја контрола ги стави Појасот Газа, Синајскиот Полуостров, Западен Брег и Голанска Висорамнина.

Би можело да ве интересира

Трамп ги пофали републиканците кои гласаа против резолуцијата за расизмот

Ана Ололовска

Продолжен притворот на шестмина украински морнари

Ана Ололовска

Министерството за одбрана на САД ќе ги проверува шпекулациите за лабораториски модифицирани грини

Ана Ололовска

Трамп: САД нема да и продадат борбени авиони на Турција

Ана Ололовска

Претставничкиот дом на Конгресот ги осуди „расистичките“ коментари на Трамп

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Перу уапсен во САД

Ана Ололовска