(ВИДЕО) Пендаровски од Кочани: Интеграцијата во ЕУ и НАТО обезбедува подобра иднина за младите

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денеска беше во посета на Кочани каде се сретна со граѓани и учествуваше на отврена граѓанска трибина.

Со граѓаните, Пендаровски разговараше на актуелни теми поврзани со напредокот на државата во евроинтегративниот процес кадешто беше потенцирано значењето на влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ за натамошен економски и општествен развој.

Во обраќањето на трибината со младите, Пендаровски се осврна на масовното иселување на младите од Кочaни и кочанскиот регион, при што истакна дека единствен начин на сопирање на овој негативен тренд е забрзување на промените и интензивен развој.

– Единствен начин да обезбедиме добри услови за младите на релативно кус рок се интеграциите на земјата час поскоро во ЕУ и НАТО. Сами, како држава надвор од ЕУ и НАТО не можеме да го постигнеме тој напредок. Но, со европската поддршка, со поддршката од нашите пријатели, процесот на напредок е неизбежен. Затоа, и како човек и како претседател сум посветен на реализација на стратешките цели а тоа е членството во ЕУ и НАТО, порача Пендаровски.