ВИДЕО: Најмалку 70 загинати, снимен моментот на потонување на траект во Ирак

Најмалку 70 лица загинаа при потонување на претоварен траект во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул, соопштија полициските и медицинските служби на Ирак, додека медиумите јавуваат дека таа бројка веќе достигнала 71 жртва.

Повеќето жртви се жени и деца, соопшти шефот на управата за цивилна одбрана на Мосул Хусам Калил, и додаде дека спасувачките екипи до сега од водата извлекле 55 лица.