ВИДЕО: Реакција на бебе кога ќе го види татко му со нова фризура

Реакцијата на едно бебе од Њујорк, што првпат го гледа неговиот татко со нова фризура, стана хит на Твитер и на интернет.

Осуммесечниот Мејсон Картер Харис си седи во своето столче кога во собата влегува неговиот татко Грег. Порано човекот имал подолга кадрава коса, малку налик на онаа на бебето.

Синчето е многу непријатно изненадено од новиот имиџ на таткото…

Снимката од 16 секунди, чија авторка е мајката Мелиса, за три дена собра над 111.000 прегледи.