Заев на средба со директорката на бордот на директори на Македонија 2025, Ставроф: Вашите цели се во линија со нашите долгорочни цели за економски развој

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со новата директорка на Бордот на Директори на Македонија 2025, Вера Ставроф и новиот главен извршен директор, Никица Мојсоска Блажевски на којашто се разговараше за можностите на продлабочување на соработката во насока на поддршка на економскиот развој на земјата.

На средбата премиерот Заев ја посочи важноста на процесот на зачленувањето на земјава во НАТО како важен предуслов да се позиционира како стабилна и долгорочна бизнис дестинација, и потенцираше дека првите резултати покажуваат рекордно високо ниво на странски директни инвестиции во 2018 од над 624 милиони евра. Премиерот Заев порача дека соработката со организацијата МК2025 во овој правец е значајна за промоција на земјата во светот, за привлекување на нови странски директни инвестиции, но и за изнаоѓање на нови пазари за нашите домашни компании и соработка којашто е значајна за размена на нови знаења и развој на нови вештини.

„Со бизнис заедницата во нашата земја и во дијаспората Владата има намера да ја продлабочува соработката и во тој правец започнуваме да работиме на реализација на конкретни проекти и развој на нови идеи кои ќе ја унапредат економската соработка и ќе бидат од корист за сите граѓани. Вашата организација преку своите програми и стипендии за поддршка придонесува за обуки и тренинг на нови кадри, тоа се млади луѓе од нашата земја кои понатаму помагаат и придонесуваат во нашата земја и во целокупниот развој на нашата економија. Тоа е значајно, вашите цели се во линија со нашите долгорочни цели за економски развој, имаме огромен потенцијал за соработка кој треба во целост да го искористиме“, рече премиерот Заев.

На средбата се зборуваше и за потенцијалите на економски раст кои може да бидат ставени во функција преку привлекување на нови инвестиции во овие сектори за што е значајно продлабочување на соработката со оваа организација за промоција на деловната клима во нашата земја и привлекување на нови инвестиции, како и за градење на партнерски однос и релации со бизнис заедницата во дијаспората.

Би можело да ве интересира

Шекеринска: Често се случува премиери да извршуваат и министерска функција кога сакаат да стават акцент на одредени прашања

A1on

Собранието утре ќе ги гласа предлозите за избор на нови членови на Владата

A1on

ВИДЕО: „Метлата“ на Заев – неуспешна шминка за лошите политики

Галена Николовска-Ризвановиќ

Јовановиќ: Метлата требаше да ги фати оние кои местеа милионски тендери

A1on

Ревматолог за култура, финансиски консултант за екологија, инженер за политички систем

Мери Јордановска

Биографијата на Заев за министер за финансии како во времето за Тито

A1on