Нова казна за Интер поради расистички скандирања

Интер доби нова казна за манифестирање на расизам, откако дисциплинската комисија при италијанската федерација утврди скандирања на расистичка основа од северната трибина на стадионот „Џузепе Меаца“.

Казната на Интер ќе биде затворање на една од трибините при следниот меч дома откако видеа категорично докажуваат скандирања на фановите на Интер за време на дербито со Милан против Френк Кеси.

Скандирањата кон Кеси се во 7-та и во 39-тата минута во првото полувреме.

Ова е втора казна за „сино-црните“ оваа сезона поради расистички манифестации од нивната публика. Тие одиграа два натпревари пред празни трибини во јануари, откако на мечот на 26 декември против Наполи беше навредуван Калиду Кулибали.

Би можело да ве интересира

Рајола: Јуве е најдобро место за Де Лихт, ме потсетува на Недвед и Ибра

ВИДЕО: Тифозите со топло добредојде за Де Лихт пред прегледите во базата на Јуве

Ана Ололовска

ВИДЕО: Де Лихт пристигна во Торино на прегледи

Ана Ололовска

Интер со нова понуда за Лукаку

Рома постигна договор со Аталанта за Џанлука Манчини

Лацио одби 80 милиони евра од Јунајтед за СМС

Ана Ололовска