Смолинг: Само јас ја знам слабата точка на Меси!

Незаменливиот стартер во одбраната на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг направи интересна изјава во врска со дуелите од четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите, кои претстојат за „црвените ѓаволи“ против Барселона.

Малку на шега, малку сериозно, централниот дефанзивец се закани дека ќе ја сопре суперѕвездата на „каталонците“ Лео Меси, кој се наоѓа во феноменална форма.

Со насмевка на лицето, тој рече дека знаел која е слабата точка на Меси.

– Меси има слаба точка, за која само јас знам! Светот не е запознаен со неа и затоа нема да ја споменам, изјави тој, цитиран од англиските медиуми.

Неговиот коментар предизвика многу шеги на интернет, а повеќето од корисниците се согласија дека најмногу што дефанзивецот на Јунајтед може да направи е пенал против „Ла Пулга“.

Би можело да ве интересира

Мане: Подготвен сум да го заменам трофејот од ЛШ за оној од Африканскиот куп

A1on

Раниери опција за заменик на Бенитез на чело на Њукасл

A1on

Тоти доби понуда од англиски клуб да ја обнови фудбалската кариера

A1on

Дерби Каунти дозволи Челзи да преговара со Лампард

A1on

Кеита: Салах се грижи за мене како постар брат

A1on

Ширер: Лампард е идеална опција за Челзи

A1on