Израелската војска погоди сто цели на Хамас, како одговор на нападот врз Тел Авив

Израелската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта погодила сто цели на движењето Хамас во Појасот Газа, како одговор на ракетниот напад врз Тел Авив, кој ретко се наоѓа на удар на палестинското екстремистичко движење.

Во соопштението се наведува дека војската гаѓала деловен комплекс во градот Газа, подземни инсталации кои му служат на Хамас како главен погон за производство на ракети, како и центар што движењето го користи за програмата за дронови.

Израелските воздушни напади следеа по ракетниот напад врз Тел Авив, а Хамас и помалата екстремистичка организација Исламски џихад негираа вмешаност.

Новите судири се случија во момент кога Египет презема напори за посредување во проширувањето на договорот за прекин на огнот меѓу двата противника, кои последен пат војуваа во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Продолжување на мировните напори за визијата на две држави

A1on

Нетанјаху бара зголемување на санкциите кон Иран

A1on

Израел инаугурираше населба „Висорамнина Трамп“

A1on

Сопругата на Нетанјаху казнета со 15.000 долари

A1on

Парадата на гордоста во Тел Авив привлече повеќе од 250 000 учесници

A1on

Израелски одмазднички напади врз Појасот Газа

A1on