Полска: Од 90-те години 382 свештеника злоставувале малолетници

Претставници на полската католичка црква денеска открија дека од 90-те години до денес 382 свештеника злоставувале малолетници.

– Меѓу нив, 198 свештеници злоставувале малолетници помлади од 15 години, а 184 свештеници злоставувале малолетници на возраст меѓу 15 и 18 години, изјави Војчиех Садлон, раководител на црковниот Институт за статистика.

Според Садлон, злосторствата се случиле од 90-те години до средината на минатата година.

Надбискупот Вајчиех Полак изрази „болка, срам и чувство на вина бидејќи се случиле такви ситуации“.

Бројките се објавени по придневното заседавање на полскиот епископат во Варшава, на кое е разговарано за злоставување и начините за заштита на децата.

Би можело да ве интересира

Младите работници во Полска нема да плаќаат данок на доход

Татјана Ташкова

Дуда: Полска поддржува политика на проширување

Ана Ололовска

Полскиот Парламент одобри закон за ослободување од данок на доход за млади под 26 години

Ана Ололовска

Загинаа тројца рудари во земјотрес во Полска

Авион принудно слета во Полска поради пијан патник

Томаж Арабски прогласен за виновен од небрежност во врска со падот на авионот во кој загина Качински