Трамп на Твитер: Вето!

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на Твитер со еден збор „вето“ на вчерашната усвоена Резолуција на Сенатот за укинување на одлуката за воведување вонредна состојба во земјата поради ситуацијата на границата со Мексико.

Резолуцијата беше усвоена со 59 гласови „за“ и 41 „против’. Покрај сите сенатори демократи, за Резолуцијата гласаа и 12 републикански членови на Сенатот.

Сепак, демократите не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство во Сенатот, со што се овозможи Трамп да стави вето на Резолуцијата.

Резолуцијата претходно беше усвоена и од Претставничкиот дом на Конгресот, по што Трамп најави дека ќе стави вето на документот.

Тоа ќе биде прво вето на Трамп на некоја одлука на Конгресот, откако стапи на должноста во јануари 2017 година.

Трамп прогласи вонредна состојба со цел да може без одобрение на Конгресот да издвои неколку милијарди долари од буџетските средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница за спречување на илегалната миграција, што беше едно од неговите главни ветувања во текот на изборната кампања во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Зариф: Трпиме најбрутална форма на економски тероризам

Ана Ололовска

Долниот дом на Конгресот го отфрли барањето за импичмент на Трамп

Ана Ололовска

Пентагон ќе испрати уште 2.100 војници на границата со Мексико

Ана Ололовска

Трамп ги пофали републиканците кои гласаа против резолуцијата за расизмот

Ана Ололовска

Министерството за одбрана на САД ќе ги проверува шпекулациите за лабораториски модифицирани грини

Ана Ололовска

Трамп: САД нема да и продадат борбени авиони на Турција

Ана Ололовска