Фејсбук доживеа најголем пад во историјата

Фејсбук проработи по најголемиот пад во историјата, но, се уште има проблеми, јави Си-Ен-Ен.

Од компанијата „Фејсбук“ нагласија дека не се работи за хакерски напад, без да соопштат повеќе детали.

Исто така, големи проблеми се уште имаат Инстаграм, ВатсАп и Месинџер, апликации кои се во сопственост на Фејсбук.

Првите проблеми се случија вчера околу 17 часот. Иако Фејсбук се вчитуваше, многумина пријавија проблеми со објавите. Корисниците на Инстаграм, пак, не можеа да ја рефрешираат насловната, ниту да објавуваат фотографии. Но, утрово од Инстраграм соопштија дека проблемите се отстранети.

Фејсбук последен пат имаше вакви големи проблеми во 2008 година. Но, тогаш имаше околу 150 милиони корисници, за разлика од сега – 2,3 милијарди.

Компанијата, која претежно се финансира од огласи, соопшти дека истражува до која мерка проблемите се одразиле на огласувачите, со можност евентуално да им се вратат парите.

Меѓутоа, тоа не е единствен проблем со кој се соочи Фејсбук. „Њујорк тајмс“ објави дека против Фејсбук нујоршките обвинители покренале истрага поради лични податоци кои таа социјална мрежа наводно споделувала со други технолошки групи.

Би можело да ве интересира

Гугл и Фејсбук реагираат на санкциите на САД против Хуавеј

A1on

Фејсбук за три месеци затворил над две милијарди лажни профили

A1on

„Си-Ен-Ен”: Закерберг не доаѓа да сведочи во канадскиот Парламент

A1on

Фејсбук лансира своја криптовалута

A1on

Фејсбук избриша дури 2,2 милијарди лажни профили

A1on

„Фејсбук“ развива сопствена вештачка интелигенција со помош на роботи

A1on