Повредени две десетгодишни деца-пешаци во Тетово

Две 10-годишни деца се повредени откако вчера околу 13.00 часот биле удрени од патничко возило „Киа“ со тетовски регистарски таблици што го управувал Ј. С.(52) од тетовска Голема Речица, по што тој веднаш го напуштил местото на несреќата, информираа од СВР Тетово.

Инцидентот се случил на улицата „168“ во Тетово додека децата оделе пешки по што со друго возило биле пренесени во тетовската Клиничка болница.

По кусо време возилото што ги удрило било пронајдено и обезбедено од страна на полицијата, на местото бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот, посочија од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Полициска контрола викендов во Скопје: 183 лица возеле со поголема брзина

A1on

Во осум сообраќајки вчера во Скопје, две лица со тешки повреди

A1on

Тетовските пожарникари преку протест побараа платите да бидат според законите

A1on

Двајца пешаци повредени во сообраќајка во Скопје

A1on

Полицијата во Скопје исклучила 33 возачи од сообраќај

A1on

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Страцин-Крива Паланка

A1on