Мадуро објави победа во „електричната војна“

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави победа синоќа во „електричната војна” предизвикана спроед него, од Пентагон. Тој додаде дека формирал „претседателска истражна комисија” за да побара помош од Русија, Кина и Иран.

-Објавувам победа во електричната војна, рече Мадуро на министерскиот состанок пренесуван во живо на државната телевизија.

Снабдувањето со струја е речиси целосно обновено во Каракас и во повеќето држави, според владата, но не и во провинциите.

Од почетокот на кризата, Мадуро ги обвини САД и опозицијата дека извршиле „кибер-напад” против главната централа.

-Имаме докази дека кибер нападот е управуван од Хјустон и Чикаго во САД по наредба од Пентагон, рече Мадуро.

-Ќе побарам помош од ОН, Кина, Русија, Иран и Куба – земји со големо искуство во спречување кибер-напади. Ние ќе откриеме каков беше нападот, кој го сторил тоа и за каква цел, додаде Мадуро.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвена за нови санкции против Венецуела

Ана Ололовска

Опозицијата во Венецуела ги продолжува разговорите на Барбадос

Ана Ололовска

СИРИЗА реагира на одлуката на Владата за признавање на Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Грција го призна Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела

Ана Ололовска

На Барбадос заврши нова рунда разговори меѓу венецуелските власти и опозицијата

Ана Ололовска

Гуаидо најави обновување на дијалогот со Владата на Мадуро

Ана Ололовска